Евроскоп
Синоним за професионално решение на Вашите потреби

Одберете јазик:

ЕВРОСКОП ДООЕЛ Скопје е формирана во 2004 година, која во изминатата деценија со својата посветеност на работа и квалитетот прерасна во водечка компанија на полето на професионални решенија од областа на екологијата и една од водечките компании на полето за снабдување на балканските/нашите пазари со вентилатори, цевководи за отпрашување и пневматски транспорт, опрема за инсталации на компримиран воздух, филтри за процесна индустрија, електромотори, редуктори, фреквентни регулатори, кранска опрема и др.
 
На нашите купувачи им предлагаме комплетни решенија за зголемување на нивната продуктивност и успешност.
 
Компанијата ги застапува следните реномирани брендови/производители:

  1. DONALDSON – индустриска филтрација, процесна филтрација и филтрација и третман на компримиран воздух
  2. EUROVENTILATORI – вентилатори
  3. JACOB – модуларни цевоводи
  4. VALIADIS – електромотори
  5. TRANSTECHNO – редуктори
  6. LG – индустриска електроника
  7. PODEM CRAN – кранови