Евроскоп
Синоним за професионално решение на Вашите потреби

Одберете јазик:

PODEM - Cranes, Components, Service

SANYO DIGITAL CAMERA Подемкране / ПОДЕМ е најголем производител на електрични витла во Центарлна и Источна Европа. Во својата историја компанијата има произведено и продадено повеќе од 1800000 производи од кранската техника во повеќе од 40 земји низ светот – најголема продажба во светската историја.

Моментално ПОДЕМ е најголем испорачател на крански компоненти за компанииите коишто склопуваат кранови како и према свои директни клиенти ширум светот.

Нашите производи се резултат на 45 годишно искуство, развој и производство на крански механизми. Стандардниот каталог на производи изобилува со различни типови на крански механизми со капацитет на подигање до 50 Tони. Разноличноста во понудата на крански механизми, погонски единици, витла – мачки, со различен фактор на искористување и другите детали од стандардните производи овозможуваат ефективност, надежност и сигурност во работата.

МТ витлата (мачки) се добродојдени во новата кранска техника а истите се користат и лесно се заменливи и при реновирање на веќе користени кранови:

  • Се карактеризираат со најголем степен на искористување, докажано по детално тестирање – во конкуренција со најголемите брендови!
  • Безбедност при работата
  • Долговечност
  • Едноставно управување и одржување
  • Ниски сервисни трошкови
  • Надежност во работата во сите работни услови
  • Ниски цени за првокласен производ
Стандардна техничка опрема:

  • Планетарен редуктор
  • Двобрзинско подигање на теретот
  • Двобрзинско движење на кранот
  • Електро мотор со термичка заштита и вентилација
  • Сигнал и прекинувач при преоптеретеност
  • Крајни прекинувачи

Можни дополненија на стандардната техничката опрема:

  • Разнолико напојување
  • Можност за беспрестана работа во сите работни услови и климатски зони
  • Дизајнирање и движење по искривена кранска стаза
  • Далечинско управување – безжична команда
  • Брзина на движење контолирана со фрекфентни регулатори
  • Изработка или доработка према барањата мна клиентот и работните услови

Сите наши производи се произведени и се во согласност сo регулативите и Интернационалниот стандард Machine Directive 98/37/EEC.

При испораката на клиентот му се доставува фабрична А-тестна документација и „СЕ“ сертификат.

Компанијата ПОДЕМ своето седиште и производни погони ги има во Р.Бугарија – ЕУ.